Норвешка ја победи Романија, но ќе чека услуга од Црна Гора за да оди во Токио

Репрезентацијата на Норвешка е на чекор да обезбеди место на Летните Олимписки игри во Токио откако славеше во дуелот против Романија со резултат 29:24 во квалификациската група во Подгорица.

Романките пружија солиден отпор во првото полувреме и добро се држеа при резултат 11:13 за скандинавската селекција. Избраничките на Ади Василе, имаа шанси да се вратат во игра, но не ги искористија, па искусен ривал каков што е Норвешка не си дозволи слаб настап два пати по ред и ги казни сите грешки.

Најефикасна во победничката селекција беше Стине Скогранд со 12 гола. Во селекцијата на Романија 11 гола постигна Кристина Неагу. Сега на Романките има останува да се надеваат на победа против Црна Гора, за да се направи круг од три селекции со победа и пораз, па гол разлика да одлучува за патниците на ОИ. За Норвешка ќе биде идеално Црна Гора да слави против Романија (или да загуби со помалку од пет гола) за да играат во Токио.

Русинките остварија убедлива победа над Казахстан со 33-26 во неважен натпревар, бидејќи заедно со Унгарија обезбедија место на ОИ.