Норвешка убедлива против Чешка, Холандија ја надигра Данска

Во рамки од ЕХФ неделата ширум Европа се одиграа голем број пријателски натпревари.

Репрезентациите на Норвешка и Холандија на денешните натпревари од Златната лига остварија победи против Чешка и Данска.

Норвешка рутински славеше против Чешка со 42:26, додека Холандија ја надигра Данска со 28:21.

На останатите натпревари, селекцијата на Португалија во неизвесен дуел ја победи Шпанија, триумфираше со еден гол разлика, 20:19, а неизвесно беше и на натпреварот меѓу Германија и Полска, кој го доби Бундес тимот со 32:30.

Италија полесно од очекуваното ги победи Зеленортските Острови со 36:28. На победа се радуваше и Франција, која со два гола разлика ја порази Шведска, 24:22.