Норвешка го прекина првенството, нема да се игра ракомет ниту во пониските лиги во Данска

Коронавирусот и понатаму не престанува да создава проблеми ширум Европа и повторно е причина за прекини на првенствата и прогласување крај на сезоната иако според планот би тербало да се игра ракомет уште два или три месеци.

Први на ваков чекор се одлучија Норвежаните, Ракометната Федерација на Норвешка донесе одлука да ги прекине првенствата во земјата и да прогласи крај, а конечниот пласман ќе се смета по одигран еден круг натпревари. Оваа одлука доаѓа после донесените мерки од властите во државата и неможноста да се тренира и играат натпревари.

За да биде завршена полусезоната во најдобрата женска лига на Норвешка треба да се одиграат уште девет натпревари, додека во втората лига само уште два натпревари. Сè уште е неизвесно кога и дали ќе се доиграат и овие натправари, сè зависи од одлуката на Владата на Норвешка дали ќе дозволи повторно да се игра ракомет. Тоа ќе биде познато после 12. април.

Шампион ќе биде екипата која по одигрувањето на полусезоната ќе биде на првата позиција на табелата. Преостанатите натпревари се очекува да се одиграат најбрзо што може, но тоа нема да биде пред 25. април. Место во европските купови ќе бидат познати по одигрувањето на плеј-офот, а едно место обезбедуваат најдобро пласираните екипи во регуларниот дел.

Во машка конкуренција веќе се одиграни повеќе натпревари од првиот круг, односно започнат е вториот круг од првенството. Според одлуката на норвешката федерација сите резултати на натпреварите одиграни после првиот круг се бришат, а според тоа шампион на Норвешка е Елверум. Ниту еден тим нема да испадне директно во втората лига, односно ќе се играат квалификации, а директен пласман во првата машка лига обезбеди екипата на Кристијансанд.

Од истите причини, односно новите мерки и затварањето во Данска ракометната федерација на земјата одлучи да ги прекине втората лига во земјата и сите останати пониски лиги. Во сите лиги ниту еден тим нема да испадне во понизок ранг.