Норвежаните фатија ритам, лесно ја решија Германија и најавија битка за полуфинале

Откако вчера ја совладаа репрезентацијата на Полска, денеска репрезентативците на Норвешка дојдоа до нов триумф овој пат против селекцијата на Германија со … и покажаа дека се меѓу кандидатите за пласман во полуфиналето до Групата 2.

Норвежаните одработија убав натпревар во кој имаа повеќе од играта во моментите кога се кршеше резултатот и се решаваше победникот.

Репрезентативците на Германија успеаја да бидат во предност во првите неколку минути. Водеа со гол до два, но на средината од првото полувреме почна менувањето на ритамот и селекцијата на Норвешка се врати во игра. Успеа да стигне до приклучок, а откако при 5:6 беше направена серија од 3:0 работите почнаа комплетно да се менуваат. Селекцијата на Норвешка го презеде водството и до крајот на првиот дел го задржа. На одмор имаше 14:12.

Вториот дел беше една сосема поинаква приказна. Норвешка не дозволи Германија да се врати во игра туку постојано го зголемуваше водството и имаше позитива до средината на полувремето од три или четири гола. Потоа во завршницата во еден момент се дојде и до плус шест, 25:19. Тука веќе беше јасно кој победува, па Германците веќе немаа шанси.

На крајот беше 28:23 за селекцијата на Норвешка која сега останува конкурент за полуфинале заедно со Шпанија и Шведска.

21 јануари 2022
23 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
21 јануари 2022 22:08 EURO22 2GRUPA 2021/2022 21.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГЕРМАНИЈА1223Пораз
НОРВЕШКА1428Победа

ГЕРМАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јоханес Битерголман00
4Јоханес Голапивот04
7Патрик Винцекпивот12
9Тобијас Рајхмандесно крило02
10Фабијан Видецентрален бек02
17Лукас Цербедесно крило02
18Јулијан Кестерцентрален бек03
20Филип Веберлев бек03
34Руне Дамкелево крило00
39Лукас Штуцкелев бек01
40Симон Ернстцентрален бек00
44Хриштоф Штајнертдесен бек01
45Даниел Ребманголман00
77Давид Шмитдесен бек01
93Патрик Цикерлево крило02
95Пол Друкслев бек10
 Вкупно 223

НОРВЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Ветле Ек Агацентрален бек00
5Сандер Сагосенлев бек14
6Себастијан Бартолдлево крило04
7Сандер Оверјордетлев бек02
11Петер Овербипивот11
12Кристијан Саверасголман00
13Ерик Торстејнсен Тофтлев бек17
15Кент Робин Тонесендесен бек01
19Кристијан Бјорнсендесно крило03
21Магнус Гулерудпивот00
24Кристијан О’Саливенцентрален бек01
27Харалд Рајнкинддесен бек03
30Торбјорн Бергерудголман00
32Томас Солстадпивот02
44Кевин Магеро Гуликсендесно крило00
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило00
 Вкупно 328

Officials

Судии:
Бојан Лах -Словенија
Давид Сок -Словенија

ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54018
2ШВЕДСКА53026
3СЛОВЕНИЈА53026
4ПОРТУГАЛИЈА52125
5НОРВЕШКА52034
6ХОЛАНДИЈА50141