Нора Мерк ќе биде во ростерот на Норвешка само за да изведува пенали!

Репрезентацијата на Норвешка во Подгорица ќе игра квалификациски натпревари за обезбедување место на Летните Олимписки игри во Токио.

Во составот на Норвешка ќе биде искусната репрезентативка, Нора Мерк. Ракометарката на Вајперс Кристијансад поради повреда нема да има активна улога на теренот, но селекторот и додели улога да биде изведувач на пеналите.

„Многу ми е драго што стручниот штаб сакаше да бидам со моите колешки. Мислам дека ми преостануваат уште две недели додека не се опоравам целосно. Знам дека ако нешто тргне наопаку со повредата, тогаш мојата кариера најверојатно ќе заврши. Јас ќе се обидам да не се плашам, бидејќи мислам дека играчот кој се плаши не е во можност да му помогне на својот тим“, изјави Мерк.

Норвешка за противници во квалификациските натпревари ги има репрезентациите на Црна Гора и Романија. Две репрезентации ќе обезбедат место на Олимписките игри во Токио.