Нора Мерк: Поради мајка ми сфатив дека има полошо од губење олимписко полуфинале

Најдобрата ракометарка од Норвешка во моментов, Нора Мерк во изјава за норвешките медиуми коментирајќи за нејзината желба да победи на Олимписките игри и за важноста за нејзиното семејство во животот се потсети на загубеното полуфинале од Русија во 2016 година.

„Постојано се потсетувам дека нема олимписко злато во мојата колекција на награди и јас го разбирам ова сосема совршено. Навистина сакам да ја освојам Олимпијадата. Откако го загубив полуфиналето од Русија во Рио во 2016 година се разбудив среде ноќ и почнав да плачан. Ја разбудив и Офтедал која беше моја цимерка. И таа заплака, а следниот ден имавме натпревар за бронзениот медал. Ова беше тежок момент“, вели Нора Мерк.

Сепак, вели дека во животот постојат и полоши работи од загубено полуфинале на Олимписките игри.

„Кога минатата година на мајка ми и беше дијагностициран рак на дојката сфатив дека има и полоши работи во животот од губење на полуфиналето на Олимписките игри. Кога добив порака за болеста на мајка ми, решив да го раскинам договорот со Букурешт и да се вратам во Норвешка. Најлошото чувство што го доживеав е болката на луѓето кои ми се блиски. Единствено ѓто можам да направам е да бидам близу до неа. Мајка ми е мојот најголем пример и може да смета на мене“, вели Мерк.

Таа сезонава играше за тимот на Кристијансанд со кој победи во Лигата на шампионите, а летово ќе се обиде да дојде до златниот медал на Олимписките игри во Токио.