Нодесбо ќе игра и во петтата деценија

Трофејниот ракометар од Данска и сегашен играч на Силкеборг, Јеспер Нодесбо покрај тоа што наполни 40 години ја продолжува својата играчка кариера. Тој и наредната сезона ќе игра на пикерската позиција во шампионот на Данска.

Како што информира клубот, Нодесбо и Силкеборг ја продолжија соработката за уште една сезона. Данецот во својата кариера има освоено скоро сè, но и понатаму не се решава да стави крај на кариерата.

Нодесбо настапуваше за Барселона од 2007 до 2017 година и во тој период со шпанскиот тим два пати ја освои Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Данска стана европски шампион во 2008 година, има и златен медал на Олимписките игри во Рио.