Нов Ф4 во Келн: Ланксес Арена добива уште едно натпреварување

Салата во која традиционално се играат натпреварите од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите добива уште едно завршно натпреварување, а според информациите од Германија во салата во Келн ќе се играат и финалните натпревари од Купот на оваа земја.

Ова треба да се случи од 2023 година кога Ланксес Арената станува дом и на финалните натпревари во Купот на Германија откако следниот на 23 и 24 април ќе се игра во Хамбург во Барклис арената.

Договорот меѓу Ракоментата федерација на Германија и раководните лица на Ланксес арената првично е на пет години и таму натпреварите ќе се играат до 2027 година. Доколку постои заеднички интерес можно е оваа приказна да добие и продолжение.

„За нас претствува голема чест што завршницата од Купот на Германија се сели во Ланксес арена. Ова ќе биде второ големо натпреварување кое ќе го организираме во една календарска година покрај Лигата на шампионите“, вели директорот Штефан Лучер.

Како што е познато во оваа Арена, Вардар ги освои двете круни во 2017 и 2019 година.