Нов предизвик за голманот – Мартин Јовановски потпиша за шампионот на Кипар

Чуварот на мрежата Мартин Јовановски од новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.

Тој потпиша за кипарскиот шампион Анортозис Фамагуста, осминафиналист од минатата сезона во Европскиот Куп, каде беше елиминиран од Горење.

Претходната сезона Анортозис играше и во полуфиналето на истото натпреварување и загуби од шведскиот Иштад, а на домашна сцена нема конкуренција.

Јовановски во Македонија ги бранеше боите на Пелистер, беше дел од Еурофарм Работник, а настапуваше и за Охрид и Струга, како и шампионот на Алжир – ГС Петролиер.

Потоа имаше уште две интернационални искуства во финскиот ХИФК и германскиот ТУС Дансенберг, пред да се врати во Македонија минатото лето, каде играше за Еурофарм Пелистер 2.