Нов интернационален предизвик: Тоше Ончев потпиша за Тримо Требње

Еден од најдобрите стрелци во Суперлигата, Тоше Ончев, ќе има нов предизвик во кариерата.

Левиот бек на Работнички од идната сезона ќе биде дел од амбициозниот словенечки проект Тримо Требње, каде што тренер е легендата Урош Зорман.

Велешанецот, иако има 24 години, има солидна кариера на меѓународна сцена, откако настапуваше за француските Вернуј и Вернон, како и за грчкиот Фаикас Корфу.

На домашна сцена беше дел од Вардар, Вардар Јуниор и Пелистер, а последната сезона ја мина во Работнички, каде беше убедливо најдобар стрелец.

Со Тримо Требње ќе настапува и во Лигата на Европа, откако словенечкиот тим го постигна најголемиот клупски успех со освојувањето на второто место во домашното првенство.