Ново засилување за Бутел Скопје – потпиша Богдан Николиќ

Средниот бек Богдан Николиќ е нов ракометар на Бутел Скопје. Црногорскиот интернационалец потпиша договор до крајот на сезоната со можност да биде продолжен за уште една сезона доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Николиќ има 28 години (193/95) и потекнува од составот на Сутјеска Никшиќ. Две сезони настапуваше за Ловќен Цетиње,  пред да се пресели во Македонија, каде две години беше дел од битолски Пелистер, со кој играше во Челинџ Купот.

Последен негов клуб беше Струга, од каде што доаѓа во Бутел Скопје и ќе се обиде да му помогне на тимот во остварување на добри резултати во разигрувањето за титулата и Купот на Македонија.

Претходно во суперлигашот потпиша украинскиот десен бек Сергеј Сулима, кој веќе се приклучи на подготовките.