Нови проблеми за Франција – Беноа Конку го пропушта Мундијалот?

Репрезентацијата на Франција успешно ги стартуваше подготовките пред настапот на СП, откако во вчерашниот дуел целосно ја надигра Холандија, триумфираше со 43:32.

Францускиот репрезентативец и актуелен член на Келце, Беноа Конку поради болки во левата нога, со која имаше проблеми во текот на оваа сезона, не успеа до крај да го одигра натпреварот со ,,лалињата”.

Селекторот на Франција, Гијом Жил во изјава за француски „Л’Екип“ истакна дека е загрижен за состојбата на десното крило.

,,Беноа почувствува болка во ногата. Затоа решивме да го задржиме на клупата и да го замениме со друг ракометар. Загрижени сме за него, останува да видиме што ќе покажат резултатите од испитувањата”, изјави Жил.

Како што е веќе познато, Килијан Вилмино, Карл Конан, Жулиен Бос, Хуго Деска,  Тимоти Н’Гесан и Весли Пардин поради повреда се наоѓаат на списокот на отсутни за Мундијалот во Полска и Шведска.

Франција на СП ќе игра во група со домаќинот Полска, Словенија и Саудиска Арабија. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во следната фаза на СП.