Новиот тренер на Загреб на 21 година сакал да се откаже, но тогаш…

Во новата сезона екипата на ППД Загреб ќе биде предводена од страна на Игор Вори кој откако ја заврши својата играчка кариера беше спортски директор на репрезентацијата на Хрватска која во јануари освои сребрен медал на Европското првенство.

Сега доби одговорна задача бидејќи во својот прв тренерски предизвик седнува на клупата на тимот каде ги направи првите чекори и каде што на 21 година сакал да се откаже од ракометот. Самиот признава дека малку недостигало да направи ваков чекор.

„Со 21 година сакав да се откажам од ракомет и да се занимавам со него онака… Знаете, онака… Тоа беа моите јуниорски денови. Тогашниот шеф на стручниот штаб, Борис Дворшек ме повика и рече: ‘Ќе одиш од третата во втората екипа на Загреб, само ќе треба да ја смениш позицијата и да играш пивот’. Јас дотогаш играв на местото бек и имав многу мала минутажа. Им реков: ‘Ставете ме ако сакате и на гол, само да играм, мене ми е сеедно’. Така почна сè“, вели Вори сеќавајќи се на своите почетоци.

После ова имаше неверојатна кариера и учествуваше во најголемите успеси на ракометот во Хрватска така што неговото име е запишано со златни букви.