Новиот вардарец се oгласи: Среќен сум што станав дел од „црвено-црното“ семејство (ФОТО)

Екипата на Вардар сезонава има неколку нови ракометари, а дел од нив се од Хрватска. Ловро Јотиќ веќе се навикна во Македонија бидејќи во минатата сезона играше за составот на Еурофарм Пелистер.

Тој се огласи на својот профил на Инстаграм со порака дека е среќен што успеал да стане дел од „црвено-црното“ семејство.

Јасно е дека од Јотиќ се очекува да донесе новина во организацијата на играта на Вардар, а дали ќе успее во тоа ќе се види за два месеци.