Новиот вардарец Али Сафар го загуби финалето во Азиската Лига на шампиони

Ракометарот на Ал Кувајт, голманот Али Сафар го одигра последниот натпревар за овој тим во финалето од Лигата на шампионите на Азија, но немаше среќа со победа да дојде во дресот на „црвено-црните“.

Тимот на Ал Кувајт беше поразен од Ал Духаил од Катар со 24:27 откако во 60 минути беше прикажана интересна игра.

Али Сафар имаше солидна партија и покажа дека во тимот на Вардар ќе има што да покаже откако ќе ја почне својата авантура во дресот на шампионот на Македонија после 15 јули.

Тој ќе биде во групата на ракометари кои го засилуваат „црвено-црниот“ табор и ќе биде во конкуренција за местото на голот заедно со Мартин Томовски и Борко Ристовски.