Нова тура позитивни: Мандиќ, Муса, Шишкарев….

Репрезентацијата на Хрватска повторно во своите редови има позитивни играчи, а денес го игра најважниот натпревар од групната фаза на Европското првенство.

На новите направени тестирања во редовите на хрватската репрезентација, позитивни се левото крило, Давид Мандиќ и пикерот, Жељко Муса.

Пред почетокот на Европското првенство заразени беа Домагој Дувњак и поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, а по натпреварот со Французите позитивни на коронавирус беа Ловро Михиќ и Леон Шушња. Денеска Хрватска за противник ја има незгодната селекција на Украина.

Освен кај Хрватска, позитивни има и во редовите на репрезентацијата на Русија. Во таборот на Велимир Петковиќ позитивни се двајца ракометари. Станува збор за екс ракометарот на Вардар, Даниел Шишкарев и за голманот, Андреј Верешчагин.

На новите тестирања позитивни беа и Хендрик Вагнер од Германија и Даниел Петерсон од Шведска.