Нова сезона, нова шема, но и нов пехар во Лигата на шампионите (ФОТО)

Во новата сезона од Лигата на шампионите трофеите кои досега се доделуваат заминуваат во историја, па новиот формат на одигрување на натпреварите ќе донесе и нови награди.

После јавниот тендер на кој беа добиени 27 предлог дизајни од 12 држави од Европа победата ја однесе предлогот од Шпанија од Oiko Design – „Sustain Аwards“.

Телото и основата на пехарите се изработени од 30% рециклиран алуминиум, додека рерциклирана топка се користи за скулпторска топка која погодува во мрежата.

Овие пехари ќе бидат за победниците во новата сезона од Лигата на шампионите која за првпат се игра по нов формат.