Нова победа за Цирих на Поповски, второто место се чува цврсто

Екипата на Амичитија Цирих за која настапува Мартин Поповски забележа нова победа со која се зацврстува 2. место, а совладан беше составот на Базел со 35:27 на домашен терен.

Амичитија Цирих имаше повеќе од играта особено во 2. полувреме, кога играта беше далеку подобра од домашните. После 15:15 на крајот од првото полувреме во вториот дел работите беа сосема поинакви. Домашните доминираа и направија висока предност за конечен триумф.

На оваа средба, Поповски беше меѓу поефикасните со четири гола и 80 проценти на прецизност при реализацијата. Повеќе од него имаа Бен Ромдан кој реализираше осумпати и Куни кој имаше седум.

Најефикасен на средбата беше поранешниот ракометар на Металург, Александар Шпенде со десет гола. Инаку, тој игра за тимот на Базел, а во оваа екипа е и пивотот Игор Чагаљ кој лани го носеше дресот на Охрид. Чагаљ погоди трипати.