Нова европска задача – Браќата Илиевски ќе судат осминафинале во Европскиот Куп

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп.

По одличната арбитража на дуелите од претходната рунда во Европскиот Куп, како и на квалификациите за женското кадетско ЕП, македонската двојка Методија и Михајло Илиевски доби нова задача.

Браќата Илиевски се делегирани да го судат дуелот од осминафиналето меѓу тимовите на Измир и Рокаса Гран Канарија.

Ова е прв дуел од осминафиналето, ќе се одигра на 8 јануари во Турција, а делегат ќе биде Грузиецот Гелашвили.