Ништо од сензацијата на Загреб – Кил рутински до победа

Ракометарите на Кил во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите беа подобри против Загреб со резултат 36:30. Иако фенерџијата во групата Б најавуваше голем отпор, сепак имаше сили само за 20 минути игра.

Избраниците на Филип Јиха го отворија натпреварот за 2:0 со головите на Пекелер и Сунефелдт. Загреб на почетокот даваше солиден отпор и преку левиот бек, Матеј Хрстиќ, се одржуваше во резултатска игра. Во текот на 6.минута Кил ги имаше највисоките три разлика, 6:3. Екипата на Ивица Обрван преку Давид Мандиќ израмни на 7:7 во текот 12.минута.

Главно играта на Кил се базираше на индивидуални акции, а головите ги постигнуваа бековските ракометари. Во минутите од првата половина од првото полувреме, Давор Чавар, со трите голови од пенал ја одржуваше резултатската неизвесност. Домашните се консолидираа во одбраната и со реализирани акции зголемија на четири разлика, 15:11. Водството од четири до пет разлика беше рутинси одржувано до крајот на првиот дел, 23:15.

Во второто полувреме немаше големи промени, а Загреб преку Мандиќ го намали водството на – 5, 25:20, во 36.минута од натпреварот. Филип Јиха реши во вториот дел шанса да му даде и на преостанатите ракометари. На моменти Загреб делуваше амбициозно, но немаше доволно сили да му се спротистави на поискусниот тим. Осумте разлика од првиот дел беа повторно поставени во 50.минута и веќе тука беше се јасно околу денешната ситуација помеѓу овие две екипи.

Најефикасен ракометар во редовите на Кил беше Сунефелдт Оскар со девет голови. Во составот на Загреб се истакна Владо Матановиќ со шест погодоци. Ова беше 14 пораз на ППД Загреб од исто толку одиграни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Дефинитивно, најлоша сезона за екипата на Загреб која имаше високи аспирации на европска сцена.