Ниту женскиот Вардар нема да игра во Европа, Македонија со четири претставници

Според информациите на 24Ракомет, женската екипа на Вардар, исто како и машкиот тим, нема да учествува на европска сцена следната сезона.

Иако ракометарките на Вардар обезбедија место во Европа бидејќи сезоната во Женската лига ја завршија на 4. позиција, сепак, раководството на „црвено-црните“ одлучил клубот да учествува само во домашниот шампионат.

Новиот шампион кај дамите, Ѓорче Петров, вицешампионот Куманово и екипата на Металург, односно Чаир, во новата сезона ќе играат во Европскиот Куп, каде што ќе ја бранат честа на македонскиот женски ракомет.

Македонија ланската сезона во европскиот женски ракомет имаше четири претставници. Тоа беа Вардар, Металург, Чаир и екипата на Деспина, која преку вајлд-карта обезбеди учество во Европскиот Куп.