Никој не сака да организира завршен турнир во Купот

Романската федерација има големи проблеми во обидот да најде организатор на завршниот турнир во машкиот Куп. Првично, домаќин требаше да биде тимот на Констанца, некогашната македонска колонија во Романија.

Но раководството на овој тим се откажа уште одамна, а сега и резервниот домаќин Политехника Темишвар, ја извести федерацијата дека не сака да го организира Ф4 без гледачи.

Завршниот турнир би требало да се одржи на 15 и 16 август, но сега романската федерација ќе мора да бара нов домаќин.

Кај дамите, планирано е Ф4 да се игра на 22 и 23 август. Таму се пласирани Глорија Бузау на Ливриниќ и Штериова, како и Рапид Букурешт, додека на 20 четвртфиналните двобои треба да ги одиграат ЧСМ Букурешт и Валчеа, кои се големи фаворити за последните две места на Ф4.