Николов и Начевски ќе им судат на „зебрите“

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за последното коло од Лигата на шампионите оваа година што ќе се одигра на 9 и 10 декември.

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Кил и Алборг, што ќе се игра во Германија на 9 декември од 18:45.

Делегат на овој дуел ќе биде Булхоф оф Германија.

Две средби се веќе одложени, Келце – Порто и Вардар – ПСЖ, а нема да биде изненадување до среда ако има уште некоја.

Веројатно до крајот на 2020 година ќе бидат закажани некои од одложените натпревари, но ќе биде тешко да се задоволат сите страни со термините, бидејќи по 20 декември почнуваат и подготовките на националните тимови за Мундијалот во Египет.