Никола Костески и Линц конечно се израдуваа на победа

Екипата на Линц за која настапува македонскиот интернационалец, Никола Костески денес запиша победа над Брегенц со 34:30 во плеј-аут натпреварувањата од австрискиот шампионат.

Првото полувреме заврши изедначено, 15:15. Во вториот дел, Линц беше подобар противник на теренот и заслужено дојде до посакуваниот триумф.

Никола Костески повторно прикажа солидна партија на теренот и натпреварот го заврши како втор стрелец во неговата екипа со шест гола.

Но, и покрај денешната победа, Линц останува на последното место на табелата со седум освоени бодови.