„Ние играме за да победиме, без разлика дали ривал ни е Македонија, Франција или Грција“

Сениорската репрезентација на Србија е во завршната фаза од подготовките во Стара Пазова. Избраниците на Тони Херона ќе одиграат две пријателски натпревари против репрезентацијата на Македонија во Ниш.

Србија на овие натпревари ќе настапи со комбиниран состав, додека репрезентацијата на Македонија само со играчи од домашната лига.

Десниот бек, Јовица Николиќ истакнува дека и двата натпревари против Македонија се важни за создавање на добра атмосфера во тимот и за составување на ростерот за Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка.

„Двата натпревари против Македонија се пријателски, но за нас сега, секој натпревар е важен за да ја составиме екипата на тимот и да се уиграме за европскиот шампионат. Македонија секако е одлична репрезентација, и имаме ист став кон натпреварите, без разлика дали противник ќе ни биде Македонија, Франција или Грција. Ние сакаме да дадеме се од себе и да се подготвиме што е можно подобро за сите предизвици. Овие два натпревари ќе ни значат многу за да видиме каде сме и на кои полиња сè уште треба да напредуваме, па со нетрпение ги чекаме натпреварите против нив”, изјави Николиќ.

Пријателските натпревари меѓу Македонија и Србија се играат во Ниш денеска од 18:00 часот и на 20 јуни од 16:00 часот.