Не ја освоија титулата, па беа парично казнети

Словачкиот Татран Прешов иако беше голем фаворит, сепак не ја освои домашната титула по финалната серија со Повашка Бистрица.

Татран ја загуби серијата со 3-2 во победи, а сопственикот на клубот, Мирослав Хмелиар, ги казни ракометарите.

„Можам да објасанам на кратко. Повашка Бистрица играше на 100%, а ние само на 40%. Нашите ракометари се професионални до 10 во месецот, кога земаат плата. Ако играчите чувствуваат страв, тогаш кај нив ќе се појави поголема одговорност. Никаква сума пари не може да ве мотивира повеќе. Некои си правеа што сакаат, сеедно им беше. Но кај играчите, покрај права, има и обврски. Затоа екипата беше казнета, и тоа високо, за тоа што не успеа да стигне до шампионската титула“, изјави Хмелиар.

Татран Прешов во новата сезона ќе има реновиран тим и помали амбиции, ќе настапува само во домашниот шампионат и во Европскиот Куп, а нема да игра во СЕХА лигата и во чешкото првенство.