Не издржа уште една сезона, кажа збогум на ракометот на 49 години

Поранешниот репрезентативец на Шпанија и ракометар кој во својата кариера која трае од 1990 година одигра голем број на натпревари, Хозе Хавиер Хомбрадос одлучи да стави крај на 49 години така што не успеа да заокружи на 50 години.

Хомбрадос имаше одлични натпревари во минатото носејќи го дресот на Атлетико Мадрид, Тека,Теукро, Адемар Леон, Портланд Сан Антонио, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Вецлар и Гвалдахара. Во последниот тим и ја завршува кариерата.

„Не чувствував сила за да одиграм уште една сезона. Би било убаво да заокружам на 50 години со кариерата, но важно е да се запре навреме. Од 1990 година досега одиграв над 1000 средби во сите натпреварувања. Во последните шест години ракометот го комбинирав со работата. Кога се вратив во Шпанија си реков дека немада играм повеќе од две години, а веќе поминаа шест. Мислам дека е доволно. Комбинирајќи ги ракометот и работата работев 14 часа вкупно. Кога одев на тренинг, понекогаш немав доволно сила. Добро беше кога натпреварите се играа во понеделник. Тогаш можев да се релакцирам преку викенд“, изјавува Хомбрадос.

Во кариерата има по четири титули во Лигата на шампионите и Асобал лигата. Двапати победуваше во Купот на победниците на куповите, а четирипати во Копа дел реј. Освои златен медал на Мундијалот во 2005 година, а бронзен беше во 2011 година. Во 1996 и 2006 година на Европските првенства финишираше со сребрени медали, додека на Олимписките игри во 1996 и 2008 година освојуваше бронзени медали.