„Не верувам дека Лигата на шампионите ќе започне според планот“

Новата сезона во Лигата на шампионите во двете конкуренции би требало да започне во септември.

Жените ќе стартуваат на 12 или 13 септември, додека мажите ќе го играат првото коло на 16 или 17 септември. Сепак поради актуелната ситуација, се уште не е јасно дали се ќе биде според планот, или ЕХФ ќе мора да прави нов распоред.

Женскиот шампион на Норвешка, Кристијансанд, е дел од ЛШ, но тренерот Оле Густав Јекстад не е уверен дека се ќе се одвива според планот.

„Нема индикации дека планот нема да биде реализиран, но не верувам дека ќе почнеме да играме во септември“, вели Јекстад.

Машкиот првак Елверум е во група со Вардар, но и оттаму не се уверени за навремен старт.

„Најважно е сите тимови да ги почитуваат мерките. Не сум многу загрижен дали ќе гостуваме или ќе ги пречекуваме екипите. Одговорноста е кај клубовите. ЛШ носи најмногу пари и се надевам дека ЕХФ ќе има компензации за клубовите“, вели генералниот менаџер Мадс Фредриксен.