Несудениот пелистерец на лето менува клуб во Бундес лигата

Репрезентативецот на Црна Гора, Милош Вујовиќ, во следната сезона би требало да биде новото засилување во екипата на Гумерсбах, пренесува „Балкан Хендбол“.

Црногорецот, кој од сезона 2020/21 настапува за Фуксе Берлин, одлучи да не го продолжи договорот со ,,лисиците” и во новата натпреварувачка сезона ќе го има четвртиот интернационален предизвик.

Вујовиќ интернационалната кариера ја започна пред 12 години кога имаше краток престој во екипата на Пелистер. Со Пелистер потпиша тригодишен договор, но поради финансиската ситуација мораше го напушти македонскиот клуб.

Освен Вујовиќ, во Гумерсбах се очекува да пристигне и репрезентативецот на Словенија, кружниот напаѓач Кристијан Хоржен.

Словенецот моментално го носи дресот на Рајн Некар и во новиот клуб ќе настапува со неговиот сонародник Тилен Кодрин.