Несекојдневно: Од пет натпревари во колото – три завршија со ист реми резултат

Несекојдневна ситуација се случи во Супер ракометната лига на Србија. Двата натпревари од 4 коло во плеј-офотт на српскиот шампионат, се завршени со идентични резултати, 31-31.

На теренот во Аранѓеловац екипата на Шамот го пречека Рудар од Костолац. Овој натпревар заврши со нерешен резултат, 31-31 и покрај водството на домаќинот на полувреме, 16-14. Екипата на Рудар со доза на среќа, со погодок на три секунди пред крајот на мечот успеа да го израмни резултатот и со бод да се врати од гостувањето кај Самот.

Во исто време во Лесковац се одигра натпреварот меѓу Дубочица и Динамо Панчево. Составот на Динамо, кој е предводен од поранешниот тренер на ЖРК Куманово, Ненад Краљевски имаше четири гола предност на паузата. Лесковчани во второто полувреме успеаја да ја анулираат негативата и да освојат бод против Динамо, 31-31.

Со нерешен резултат заврши и уште еден натпревар во српското првенство. Во натпревар од плеј-аутот, некогашниот сехалигаш Спартак Војпут ги подели бодовите со екипата на Обилиќ. И на овој натпревар крајниот резултат гласеше, 31-31.

На другите натпревари Црвена звезда беше подобра од Железничар 29:19, а Југовиќ рутински ја совлада Мокра Гора со 33:26.