Неочекувани проблеми за полскиот првак: Келце “заглави” во Виена!

Ракометарите на Келце се соочуваат со проблеми пред гостувањето во Скопје на мечот со Вардар во Лигата на шампионите. Своето патешествие го стартуваа во 03:00 часот утринава кога со автобус се упатија од Келце до Краков и требаше да го фатат летот за Виена во 07:00 часот.

Поради лошото време во полскиот град, летот беше одложен за повеќе од три часа, па експедицијата на Келце летна за Виена дури во 10:15 часот. Со задоцнувањето на летот до Виена, го пропуштија конекцискиот лет од австриската престолнина за Скопје и ќе мора да наоѓаат други начини да пристигнат во Македонија.

Вечерен лет од Виена за Скопје нема, па веројатно ќе користат некоја друга конекција со уште еден прелет и веројатно ќе го откажат тренингот што требаше да го одработат во СЦ “Јане Сандански”.

Мечот меѓу Вардар и Келце се игра утре со почеток во 17:30 часот.