Нема неутрален терен, Металург и Криенс ќе играат дома-гости

Тимот на Металург го доби швајцарскиот Криенс Луцерн за ривал во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Поради строгите ковид-протоколи во Швајцарија, која Македонија ја држи на црната листа и бара обврзувачки карантин, се навестуваше и можност за играње на неутрален терен, според искуството на Винтертур од првото квалификациско коло.

Претседателите на двата клуба во меѓусебна комуникација и во комуникација со Владите на двете земји, ги решија сите проблеми, така да двете средби дефинитивно ќе се играат во одредените термини.

Првата средба ќе се игра во Скопје, на 22 септември, додека реваншот ќе се игра во Цирих на 29 септември. Двете екипи нема да бидат во карантин по враќањето во своите земји.