Нема македонски двобој во Нант! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не е дел од составот на Веспрем на гостувањето кај Нант.

Манасков влечеше повреда по квалификацискиот дуел со Финска, и веројатно не е се уште подготовен за максимални напори.

Тоа значи дека вечерва во Нант нема да има македонски двобој, иако Кире Лазаров ќе биде во ростерот на францускиот тим.

Во составот на Веспрем, го нема ниту второто лево крило Мануел Штрлек, па стратегот Давид Дејвис, ќе игра веројатно со Кентан Мае на таа позиција.

Натпреварот ќе го суди македонската судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а започнува од 20:45 часот.