Нема крај на проблемите: Металург без Маркоски на вториот меч против Висла

Тимот на Металург на вториот меч против Висла Плоцк во Лигата на Европа утре нема да смета на Велко Маркоски.

Дефанзивецот нема да му биде на располагање на тренерот Оливер Димитриоски поради повредата што ја заработи.

Се работи за повреда на листот на левата нога, а по враќањето во Скопје ќе биде познато колкава ќе биде паузата.

На негово место во ростерот ќе биде црногорскиот интернационалец Василије Калуѓеровиќ. Утрешниот натпревар се игра од 18:45 часот во „Орлен Арена“.