Нема зима за Келце, навивачите собраа 110 илјади долари

Екипата на Келце полека се стабилизира, а покрај тоа што претседателот на Келце Бертус Сервас прави обиди на секој начин да го спаси клубот, поддршка добива и од страна на навивачите кои успеаја да соберат голема сума на пари.

Тие веќе неколку недели собираат донации и досега успеаја да стигнат до 450 илјади злоти, а тоа е рамно на 110 илјади долари.

„Јас сум најсреќниот претседател на светот. Би сакал да им се заблагодарам на сите што дадоа пари. Играме заедно за нив. Ова е најважната работа. Мојата компанија 20 години е спонзор на овој клуб. Дадовме многу за овој град и затоа сега жителите го прават ова и сакаат да го спасат овој проект. Го сакам овој клуб и го сакам овој спорт. Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите и тоа можеме да го направиме заедно“, вели Сервас за медиумите во Полска.

Келце минатата година играше на Ф4, но во полуфиналето загуби од тимот на Веспрем, кој подоцна беше совладан од Вардар во финалето.