Нема дилеми: „Црвено-црниот“ дрес на Вардар е најубав во Европа! (ФОТО)

Пред четири дена започна изборот на ЕХФ за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, а заврши денеска на пладне. За најубав дрес се бореа машкиот и женскиот тим на Вардар, и очекувано победата ја однесоа момците со убедлива разлика (84%-16%).

Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда го „победи“ оној на Копенхаген, а во второто коло беше подобар од дресот на Нант, додека во четвртфиналето го „мина“ и дресот на Веспрем. Во полуфиналето „немаше“ проблем против Барселона и беше подобар со убедлива разлика.

Дресот на ЖРК Вардар го мина првиот филтер против Виборг, а вториот против Кристијансанд, додека во четвртфиналето беше „подобар“ од францускиот Мец. Полуфинален ривал беше дресот на Ѓер, кој беше „совладан“ со убедлива разлика.

Резимирано, најубав машки дрес во Европа има Вардар, а најубав женски ЖРК Вардар.