Нема веќе колбаси и пиво во Бундеслигата

На следниот состанок на извршниот комитет на Бундеслигата ќе бидат направени некои измени во регаулативите на првенството на Германија вo согласност со моменталната ситуација.

Првата измена се однесува на навивачите. Местата за стоење кои навивачите најчесто ги користат за конзумирање на традиционалните колбаси и пиво ќе бидат забранети, исто како и нивната продажба во салите.

Засега намалување на капацитетот на местата за седење во салите е предмет на размислување. Додека целосно затварање на вратите за навивачи не е опција.

Втората дилема е како да се одигра Купот на Германија, густиот распоред и коронавирус кризата може да придонесат купот да се одигра во невообичаен формат. Дополнително проблем претставува што купот од претходната сезона треба да се игра во февруари, а ќе учествуваат Лемго, Мелсунген, Кил и Хановер.

И последната новост се однесува на конечниот пласман на екипата на крајот на сезоната. Доколку екипите имаат ист број на бодови за конечниот пласман на тимот ќе одлучува гол разлика од меѓусебните натпревари, а не како што беше до сега вкупната гол разлика.