Немаше друга опција: Одложен натпреварот меѓу ПИК Сегед и ПСЖ!

Утре започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а уште на стартот ЕХФ се соочува со големи проблеми.

Европската куќа на ракометот го одложи натпреварот меѓу ПИК Сегед и ПСЖ, што требаше в четврток да се игра во Унгарија.

Поради позитивни случаи на коронавирус во унгарскиот вицепрвак, целата екипа замина во карантин, па нна ЕХФ не му остануваше ништо друго освен да го одложи дуелот.

ПИК Сегед нема да го загуби службено овој натпревар како што беше случај со некои двобои во Лигата на Европа, туку двата тима заедно со ЕХФ ќе најдат нов термин.