Некогаш освојуваше медали со Хрватска, сега работи на градилиште!

Порнашниот освојувач на златен медал со репрезентациајта на Хрватска, Никша Калеб деновите ги поминува на градилиште работејќи со Кинези од покраината Хубеи каде што е градот Вухан каде што се појави коронавирусот.

Калеб работи во фирма за водовод и во овие моменти има многу работа покрај кризата со коронавирусот. Неговите обврски не можат да бидат одложени поради заразата. Покрај редовната работа, тој голем дел поминува покрај мостот што го градат Кинези.

„Кинезите со кои работам се баш од покраината Хубеи од каде што тргна вирусот. Тие беа сосема подготвени уште пред вирусот се појави кај нас. Пред некој ден баш имав интернвенција во нивниот камп, може да се влезе само кога нешто е итно и прво следува дезинфекција, па мерење температура. Пред да бидат донесени мерките во Хрватска имав интересна случка со две Кинескињи, ги носев на фризер во Метковиќ. Не им е баш лесно, загрижени се и единствено спас им е видео повикот со своите најблиски. Не ни знаев за Вухан до сега, но нивниот шеф ми објасни дека тоа се колку три Хрватски“, рече Калеб за хрватскиот Спортске Новости.

Калеб беше репрезентативец на Хрватска од 2001 до 2008 година и за тој период успеа да го освои златниот медал на Светското првенство во Португалија во 2003 година и на Олимписките игри во 2004 година во Атина. Најголемиот дел од кариерата го помина во Метковиќ, а играше и за Загреб. Повремено работи и како стручен коментатор на хрватската РТЛ.