Некогаш најскапиот ракометар во светот ја заврши кариерата на 42 години

Легендата на црногорскиот ракомет Ален Муратовиќ одлучи да стави крај на играчката кариера во петата деценија од животот. Тој во текот на кариерата помина низ различни моменти, беше најскап играч на светот, претрпе повреда на рамото заради која паузираше три години и повторно се врати на терените.

Муратовиќ не е само легенда на црногорскиот ракомет туку и на шпанскиот клуб Кањас каде што помина вкупно десет години од кариерата. За првпат во Шпанија заигра во овој клуб во 2003 година каде што остана до 2005 година кога премина во Ваљадолид.

После три години во Ваљадолид следуваше трансферот на кариерата во Фленсбург за 700.000 евра што во тој момент беше најскап трансфер во ракометот. Сепак во 2009 година заработи тешка повреда и мораше привремено да ја прекине кариерата.

Муратовиќ го изненади ракометниот свет во 2013 година кога одлучи да се врати на терените и тоа во неговиот Кањас. Тој беше дел од три репрезентации, играше за Југославија, Србија и Црна Гора и само за репрезентацијата на Црна Гора.