Некогаш големиот португалски талент ќе ја спасува кариерата во Франција

Некогаш големиот португалски талент, Диого Силва, во следните две сезони ќе ги брани боите на францускиот Екс Ан Прованс.

Иако се споменуваа данскиот Колдинг и шпанскиот Адемар Леон како варијанти за продолжување на кариерата, Силва се реши за Франција.

Десниот бек што потекнува од Порто, беше испратен на позајмици во Маиа, Аванка и Целје, пред да се врати во матичниот клуб.

Во последните две сезони во Порто повредите го спречија да ги покажите квалитети, па од раководството на португалскиот клуб се откажаа од неговите услуги.

На 24-годишниот десен бек му беше предвидена блескава иднина, но имаше голема стагнација, па сега ќе се обиде да ја врати кариерата во правилна насока.