Некогашната вардарка останува во Словенија: Пино го продолжи договорот со Крим

Репрезентативката на Франција и екс членка на Вардар, Алисон Пино, која во текот на 2021 година се пресели во екипата на Крим, реши да го продолжи договорот со словенечката екипа на уште една сезона.

Пино е меѓу најискусните ракометарки во составот на Крим и со своето големо меѓународно искуство е од голема помош за помладите ракометарки во словенечкиот шампион.

Французинката во Вардар мина една сезона, 2014/15. Пино беше дел и од Мулино, Мец, Валчеа, Крим, Ним, Баја Маре, Брест Бретањ, Париз и Будуќност.

Поранешната ракометарка на Вардар иако има 32 година, игра во солидна форма во Лигата на шампионите, а постигнатите 28 погодоци во досегашниот тек од сезоната во најквалитетното европско натпреварување се само потврда за високата класа.