Некогашен тренер на Вардар со изненадувачка одлука – ја заврши тренерската кариера

Познатиот дански тренер Јан Питлик кој во овој момент ја предводи екипата на Сондерјиске после крајот на кариерата ќе ја заврши кариерата. И покрај тоа што во 2020 година, Питлик потпиша три годишен договор сепак порано ќе стави крај на тренерската работа.

Одлуката за прекинување на кариерата на Питлик и пораното прекинување на договорот со Сондерјиске се должи на семејни причини. Како што образложи тренерот во иднина сака повеќе време да поминува со семејството.

„Работата како професионален врвен тренер е убава и напорна. После повеќе од 31 година во кои ракометот ми беше сè, дојдов до заклучок дека сакам да променам нешто. Големо влијание на оваа одлука има тоа што во последниов период ја загуби мајка ми, а татко ми не е во добра состојба. Моите деца се отселија од дома и ми стана најважно да го имам семејството на првот место“, рече Питлик во соопштението за јавноста.

54-годишниот Јан Питлик ја започна тренерската кариера во 1991 година и имаше големи успеси. Со женската репрезентација на Данска двапати беше олимписки шампион, а кратко време седеше и на клупата на Вардар.