Некогашен играч на Охрид не мрда од Базел – потпиша до 2026 година!

Некогашниот пивот на Охрид, Игор Чагаљ, потпиша нов четиригодишен договор со швајцарската екипа Базел.

Српскиот кружен напаѓач се пресели во Базел минатата сезона и му помогна на тимот да се спаси од испаѓање од елитната конкуренција.

Раководството на швајцарскиот клуб беше задоволно од партиите на Чагаљ, кој на 30 меча даде 101 гол, па му понуди нова соработка.

Пред да дојде во Охрид каде мина две сезони, Чагаљ беше член на Металопластика, Војводина и словенечкиот Марибор.