Недановски: Им честитам на Алкалоид за храбрата игра, ние не одигравме на ниво (ВИДЕО)

Бранителот на трофејот на Струшкиот турнир, Вардар со победа го отвори новото издание. „Црвено-црните“ малку потешко од очекувањата славеа над Алкалоид со 24-22, иако новиот суперлигаш парираше до самиот финиш. Тренерот на Вардар, Владо Недановски истакна дека на првиот натпревар неговите избраници не одиграле според она што било договорено пред дуелот, но сепак, задоволен е со минималната победа над новиот суперлигаш, кој со денешната игра покажа дека ќе биде „тврд“ противник за секоја екипа во Суперлигата. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на предводникот на вардарци.