Неверојатен финиш со гол за ТВ шпици – победникот решен по истекот на времето! (ВИДЕО)

Започна првенството на Данска и веќе во второто коло еден од натпреварите имаше супер возбудлива завршница.

Силкеборг на домашен терен славеше против Морс со 27:26 со гол после истекот на времето.

Стрелец на победничкиот гол беше Јаков Ласен кој успеа да погоди покрај живиот ѕид од девет метри. Голема помош имаше и од противничкиот голман кој имаше многу слаба интервенција.

Ова беше прв триумф на Силкеборг во новата сезона во домашното првенство, додека составот на Морс го забележа вториот пораз. Победничкиот гол може да го погледнете во следното видео.