На Фабрегас му се „сонила“ победата на Барса над Келце

Барселона направи историски успех откако во финалето во Лигата на шампионите го совлада Келце и успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година.

Десниот бек Мелвин Ричардсон за „Л’Eкип“ сподели интересни детали за пристигнувањето во Келн и пикерот на Барса, Лудовик Фабрегас кој им најавил дека ќе го освојат трофејот.

„Пред пристигнувањето во Келн, Фабрегас ми кажа дека ја сонувал нашата победа во Лигата на шампионите. Во игра секогаш беше каде што се одбиваше топката. Ми кажа дека како да доаѓа од иднината, тој веќе знаеше што се случува. Истото се случило и пред Олимписките игри во Токио и тогаш Фабрегас раскажа што сонувал“, рече Ричардсон за lequipe.fr.

Барселона предводена од француските репрезентативци ја освои рекордната 11. титула во Лигата на шампионите.