На СП во Македонија направија голем успех, па ќе ја активираат и сениорската репрезентација!

Ракометната федерација на Египет најави повторно формирање на женска сениорска репрезентација, откако кадетките и младинките  забележаа солиден успех на светска сцена.

Кадетките на Египет на Светското кадетско првенство во Македонија обезбедија пласман меѓу 8-те најдобри репрезентации.

Египет на кадетскиот Мундијал во Македонија групната фаза ја заврши на првото место, додека во главната рунда успеа да ја освои 2. позиција и во четвртфиналниот дуел беше поразен од селекцијата на Унгарија.

Младинската репрезентација на Египет на Светското младинско првенство, кое се одржуваше во периодот од 22 јуни до 3 јули во Словенија, ја освои 15. позиција, па така резултатите од кадетките и младинките беа голем поттик за повторно да се активира сениорска репрезентација на Египет.

Последен пат, женската сениорска репрезентација на Египет настапи во 2012 година на Африканското првенство, на кое заврши на 9. позиција од вкупно 10 учесници.