На Саздовска и годи Романија – потпиша нов договор со Дунареа Браила

Македонската репрезентативка Јована Саздовска и во следните две сезони ќе биде членка на романскиот тим Дунареа Браила.

По одличните партии оваа сезона, раководството и понуди нов договор на две години, кој беше прифатен од левото крило.

Дунареа има големи амбиции за следната сезона, доаѓаат Песоа, Ана Паула Родригес, како и уште неколку врвни ракометарки, а Саздовска ќе биде важен дел од мозаикот.

Таа потекнува од Металург, во Македонија го носеше и дресот на Вардар, а на меѓународна сцена настапуваше за романската Магура Чиснадие и за германскиот Турингер.