На Ландин му годи комплиментот – испрати подарок за синот на Паличка (ФОТО)

Синот на шведскиот голман Андреас Паличка, Астон, го „украде шоуто“ на пречекот на европските шампиони во татковината.

Тој во кратко интервју изјави дека неговиот татко е добар голман, ама дека Ландин е најдобар во светот.

Комплименти им годат на сите, па затоа данската федерација и Ландин подготвија специјален подарок за малиот Астон.

Потпишан дрес од данскиот репрезентативец веќе е на пат за Шведска…

Синот на Паличка стана хит: Татко ми е добар голман, ама Ландин е најдобар (ВИДЕО)